Полицаец во служба на граѓаните

 92 годишен старец влегол во банка за да подигни пари од неговата банкарска сметка. Банкарските службеници не сакале да му ја дадат бараната сума на пари затоа што личната карта на старецот била со изминат рок. Старецот исфрустрирано, упорно барал да му ја дадат сумата на пари која во моментот му била потребна. Банкарските службеници на реакциите од старецот одговориле со тоа што повикале полиција, за да го истераат од банкарската филијала. Полицискиот службеник кој пристигнал на местото на настанот, внимателно го исслушал старецот и мирно излегле заедно од банката...
Банкарските службеници мислеле дека тука ставиле крај со случајот...
Но полицаецот постапил човечки и со старецот заминале во полиција. На експресен начин му помогнал да извади нова лична карта. Со новата лична карта, старецот придружуван од полициско обезбедување се вратил повторно во истата филијала и повторно ја побарал сумата на пари од сопствената банкарска сметка.
Банкарските службеници му ја дале на старецот бараната сума.


Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот