Пред Илинденското востание, се направени дрвени топчиња. Тодор Христов направил скица а Никола Карев го повикал Цветко Стојчев од село Селце да направи дрвени топови. Така Цветко со неговата тајфа исекле 7 трупци од цреша и ги оставиле да се сушат на сонцето. Од седумте трупци само три биле добри за топови. Така во с.Селце се направени три топчиња и секое од нив било околу 150 сантиметри долго и тешко 20 килограми. Топчињата биле оковани со метални обрачи а како топовски зрна се употребувале кантарски џулиња.
Во целиот Крушевски регион биле направени седум топови. Во градот Крушево направиле шест топови. Целокупниот број на дрвени топчиња бил 17 и сите биле со различни димензии.
Но имало и такви кој без наредба направиле топчиња. Еден од таквите бил и монахот Григориј од манастирот св.Јован Бигорски. Во село Кленоец Кичевско бил направен еден топ долг 12 педи кој се полнел со шајки. Во село Лактиње Охридско, 18 годишниот Трпе Даневски со двајца негови пријатели направиле 4 дрвени топови долги по 150 сантиметри и тешки по 70 килограми.
Единствениот примерок од многуте топчиња кој е до ден денешен здрав се чува во воениот музеј во Истанбул. Примерокот го заплениле после борбите кај месноста Слива, Крушевско.
Comments
Post a Comment
коментар: