СВЕТА ПЕТКА

     

     Света Петка е родена во Епиват, град кој се наоѓа на европскиот дел на денешна Турција 50 километри од Цариград, во половината на 10 век. Потекнува од богата и побожна фамилија. Уште како мало девојче одела во црква со нејзината мајка која ја научила на побожноста. После смртта на родителите таа го напушта домот и оди во Цариград за да се замонаши во црквата св. Софија. Потоа оди во Јорданската пустина и живее строг аскетски живот посветен за Христос. Во нејзината старост сонувала ангел кој и рекол да ја напушти пустината и да појди во нејзиниот роден град. После врајќајнето поживеала уште две години. Верниците ја закопале по христијански обичаи. 



      Богоугодните христијани после нејзиното јавување во сон на некојси Ѓорѓиј и Јефимиј го најдуваат местото каде се закопани нејзините мошти. Мештаните ги откопале моштите и ги закопале во црквата св. Петер и Павле во Епиват. Во текот на годините нејзините мошти се пренесени повеќе пати. Првин се пренесени во Цариград, па од таму царот Јован Асен 1238 година ги пренесува во Трново. После влегувањето на Отоманското царство во Балканскиот полуостров моштите се пренесени во Влашко. Кога влашката земја била загрозена од отоманите, моштите се пренесени во Београд. Кога Отоманите го освојуваат и Београд коските се пренесени во Цариград по наредба на султанот. 1641 година на молба од молдавскиот господар Василиј моштите се пренесуваат во градот Јаши каде што и ден денес се наоѓаат. Но сепак два прста од раката се наоѓаат во капелата св. Петка која се наоѓа на калемегдан во Београд. 



Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот