св. Меркуриј

             Во 3 век кога владееле римските цареви Декиј и Валеријан, била донесена одлука во римскиот храм на Јупитер, во која одлука се вели, дека секој кој ќе се осмели да ја проповеда Христијанската вера ќе биде фрлен во заробеништво и ќе биде измачуван. Ако маченикот се покае и го отфрли христовото учење ќе биде удостоен со голема чест. Но ако истиот се спротивставува и продолжи да биде христијанин ќе биде измачуван, сечен со меч, фрлен во море или ќе биде предаден во арените на дивите ѕверови да го раскинат.



          Според легендата Меркуриј бил син на Yares, скитски офицер во римската војска . Yares, заедно со неговиот син, биле нападнати од диви ѕверови за време на  лов, потоа добил визија по што тој се преобратил во христијанството и за себе си го дал името Ное а синот  го крстил Меркуриј. Кога  Ное умрел, неговото место во војската го зел син му Меркуриј.
           
          Царот Декиј еднаш војувал против варварите, во неговата војска војводата кој командувал со ерменскиот полк (наречен Мартензес), бил Меркуриј. Во борбата на Меркуриј му се јавил ангел Божји, му дал меч во рацете и му рекол, дека тој ќе ги победи непријателите.  Меркуриј покажал голема храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го назначил за прв војвода во својата војска. Но некои луѓе го обвиниле Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го сокрил туку го објавил јавно. После јавното изјаснување за тоа дека е христијанин, бил фрлен во заробеништво и измачуван: од него со ножеви сечеле каиши, го гореле со оган. Изненадно во затворот му се јавил ангел Божји и ги исцелил неговите рани. Најпосле царот донел пресуда, војводата Меркуриј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убиле, телото на Меркуриј му станало бело како снег и мирисало на темјан. Овој Христов војник пострадал меѓу 251 и 259 година.

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот