Алшар

                 Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Историјата на рудникот Алшар е малку позната и документирана.  
   

          Рудникот Алшар ја крие тајната на непобедливоста на фалангата на Александар Македонски. Војската го користела аурипигментот за да ги премачкува своите штитови. На сонце тие давале силен блесок, со кој блесок била залепувана противничката војска. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби.

          Податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Селото Рожден е во близина на Алшар. Годишниот приход од ова село во 15 и 16 век изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. 250 метри од Алшар има еден зелен рид на кој  има талиум, отров многу поопасен и од арсенот, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму. Затоа мештаните не го посетуваат овој рид.
Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.

           Во Алшар досега се регистрирани десетици видови минерали, од кои седум можат да се најдат само во Македонија. 250.000 тони руда содржат 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот, кој се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот