Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (28 мај 1822, Берово - 17 април 1898, Ќустендил) — македонски ајдутски и востанички војвода. Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во Иљовата легија или Македонскиот одред .
Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци, се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.
По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската арамија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание . Опеан е во народните песни.