Во старо време некоја жена родила дете со крилја. Жената го доела детето 40 дена. Еден ден, после доењето, кога му ги вадела пелените, детето ги раширило крилјата и летнало. Жената оставена само со пелените во раце почнала да вика по детето за да се врати, но залудно. Детето летајќи отишло на врвот на Пелистер. Си влегло во замоците кој биле под езерото и таму го продолжило животот заедно со старите змеови.
Поминале години и змевчето посакало да се жени. На еден Велигден во селото Оптичари сред село имало оро. Се појавиле темни облаци, завеале виулици и ја кренале од орото нај убавата девојка. Селаните почнале да паничат и викаат, но залудно, ветровите веќе ја однеле девојката. Змевчето си ја грабнало девојката и си ја однело на пелистер.