Вистината за убиството на Ѓорѓи Сугарев

     
      Ѓорѓи Сугарев роден е во Битола 1876-та година. Станува член на ТМОРО во 1901 година. Активно учествува во илинденското востание, во битолскиот регион. 
    Лигушев го повикал Сугарев со писмо во Јени Маало за избор на месен војвода. А исто така и да се справи со Грчките Андарти.  Лигушев му кажал на селскиот поп за да го упати Сугарев кај манастирот, затоа што таму ќе биде организиран состанокот. А исто така ги известил Турците дека таму ќе биде Сугарев. Сугарев оди кај манастирот и наместо од Лигушев е пресретнат од Турски Аскер. Со Сугарев се уште 25 комити кој се спротивставиле на Турскиот Аскер.
     Борбата со аскерот траела цела ноќ. После борбата телото на Ѓорѓи Сугарев не било помеѓу загинатите комити. Телото на Сугарев го барале три дена и три ноќи, но не го нашле. Војводата по тешките битки со аскерот е тешко ранет и низ ноќта искрадуваќи се до селото бара помош од селаните. За тоа разбираат Лигушев и некој друг кодош наречен Црни Петар. Тие го носат Ѓорѓи во подрум на некоја селска куќа и таму го убиваат. 
    Лигушев му дал писмо на селанец по име Стојан за да го однесе до Ѓаконот во манастирот. Но по патот почнало да врне и писмото се наводенило. Стојан за да го заштити писмото од дождот го ставил во неговата капа. Тој заприметил дека писмото е отворено и од радозналост го прочитал. Во писмото пишувало дека тие го убиле Сугарев. Уште било наредено да се убие Стојан, за секој случај. Кога го прочитал Стојан писмото се запрепастил и се вратил во селото. После три дена, во една ноќ Стојан го пресретнува Лигушев во една мрачна улица и пука во него од зад грб. Но од истрелот на Стојан, не умрел Лигушев. Преживеал и избегал во Бугарија.

   Официјалната верзија за убиството на Сугарев е прикажана во видеото:

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот