Молитва по завршување на работниот ден

               Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та од бодро и благодарно срце да ти пеам и да те славам. Ти, божествениот работник, не сметаше дека трудот унижува, туко со твоите пречисти раце трудот го освети. Дај ми да се одморам од работата со која ја исполнив твојата волја. Пресвети Владико, ти си рекол:"Мојот Отец до сега работи и јас работам". Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во твое име. Ти благодарам уште, премилостив Боже, затоа што ми даде сили трпение и желба за работа; што не позволи да се вгнезди во мене мрзеливоста, незадоволството и негодувањето, но милостиво ме награди со радост од работата и ме исполни со признателност кон тебе за твојата постојана помош. И сега кога ти принесувам благодарствена песна. Ти се молам и во останатото време да ми бидеш крепок помошник.во секое добро и на тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам наградата, приготвена за сите што се труделе во твое име. Амин!


    Милосрден Господи и Владико на мојот живот, ти си рекол:"Дојдете сите изморени и оптоварени, јас ќе ве упокојам". Ете, доаѓам при твојата благост и моето срце го прислонувам под твоето меко крило. Дарувај ми мир на мојата душа и моето тело, изморени од тешката дневна работа. Да се одмори моето срце, мојата душа да се успокои во тебе, мојот Господ и спасител, за да ја видам и јас, недостојниот твој слуга, вечната светлина на твојата вистина и да го прославувам секогаш твоето пресвето име, името на мојот Бог Господ и закрилник. 
                                Амин!

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот