Апостол Јован




                Еден од учениците на Исус бил и св.апостол Јован. Овој Христов ученик се родил во рибарска фамилија. Неговите родители биле многу побожи луѓе.Тие го воспитале и го научиле Јован на побожност и благочестивост. св.Јован заедно со неговиот брат св.Јаков тргнале со Исус и никогаш не го напуштиле. За него се зборува во црковните преданија дека бил омилен Христов ученик. Единствено тој со Богородица останале под крстот на распнатиот Господ. Тој ветува дека ќе ја чува Пресвета Богородица. Подоцна заминува во Ефес, затоа што со слегувањето на Светиот Дух на апостолите, добил задача за да го шири евенгелието таму, и му тргнува од рака да преобрати многу народ во христијанството. Имал бурен живот , па така бил прогонуван, мачен, понижуван, и се во името на Христа. За времето кога бил прогонуван, на островот Потмос го напишал Евангелие и Откровението, кои ни се познати од Новиот Завет. Подоцна оди повторно во Ефес и продолжува со преобратување на населението во христијанство.




Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот