Јас бедникот пак се сопнав со умот, и по лошата навика пак служејќи му на гревот, пак ме зароби кнезот на темнината и родителот на страсните наслади. И како понижен роб ме принудува да им служам на неговата волја и телесните желби. Што друго да правам, Господе мој избавителу и заштитнику на оние кој се надеваат на тебе, ако не пак да се вратам кон тебе и да затажам. И да испросам милост за она што сум го направил. Но, се плашам и треперам, да не би некако исповедувајќи се секогаш и ветувајќи дека ќе отстапам од лошотиите, секој час да грешам и неупатувајќи ја мојата молитва кон тебе, мојот Бог, сум ја поттикнал и долготрпеливоста твоја на негодување. А кој ќе го поднесе твојот гнев, Господи? Но, познавајќи ја големината на твоето милосрдие и широчината на твоето човекољубие, јас пак прибегнувам кон твојата милост и извикувам кон тебе: Прости ми што згрешив, помилуј ме паднатиот; дај ми рака на помош на заглавениот во калта на сластите; не дозволувај Господи, созданието твое да пропадне во своите беззеконија и своите гревови, туку поттикнат со вообичаеното твое милосрдие и добрината, избавиме од калта на телесната нечистотија, и од мојте страсни помисли кој постојано ја валкаат мојата бедна душа. Зашто еве, Господи, како што гледаш во неа нема чисто место туку сета стана лепрозна и целото мое тело го покри рана. Сам значи,човекољублив лекару на душите и телата и извору на милоста, исчисти ја со поројот на моите солзи, правејќи обилно да ги пролевам, излиј го врз мене твоето човекољубие и дај ми оздравување и исќистување и исцели ме потиштениот, и не го одвраќај твоето лице од мене, та да не ме проголта огнот на очајанието како обична твар. Туку, како што си рекол, вистински Боже, дека голема радост е на небото за еден грешник кој се кае, направи го тоа и со мене грешниот. И не ги затворај ушите на твоето милосрдие, пред молитвите на моето покајание, туку отвори ги, и таа нека излезе како кадило пред тебе. Зашто ти, создателу, ја знаеш немоќта на природата и лесното паќање во грев на младоста, млитавоста на телото, и не гледаш на гревовите, и го примаш покајанието на оние кој вистински те повикуваат. Зашто се благослови и прослави пречесното и величествено твое име, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин!
Човекот ја кажа вистината за ММФ
"Замислете едно мало село, некаде на земјината топка.На селото му е потребна зграда за селски совет која вреди 100 000 долари. Градоначалникот го овластуваат да работи со тоа. Тој оди во банка и на банкарите им кажува дека треба да изградат нова зграда за 100 000 долари. Тој им вели на банкарите дека на располагање има 50 000 долари и доставува молба за останатите 50 000 долари. Банката се согласува на тоа. Потоа градоначалникот оди кај директорот на градежна фирма и се договараат за да стават во џеб по 25 000 долари. Потоа градоначалникот оди во селскиот совет и им кажува дека изградбата ќе ги кошта 150 000 долари. И членовите на советот тоа го прифаќаат (со оглед на тоа дека не се разбираат од економија). Со тоа се согласуваат и останатиот дел на жителите. После тоа градоначалникот и директорот на градежната фирмата одат повторно во банка и бараат додатни 50 000 долари. Банката ги одбива врз основа на фактот дека тие двајца се корумпирани
Comments
Post a Comment
коментар: