214 година пред новата ера, Римската Република прави опсада околу градот Сиракуза. Рим сакајќи да го добие овој град како стратешко место го испратиле генералот Мариус Клаудио Марцелос. Тој на располагање имал и 60 римски воени бродови. Преку оваа флота тој го водел главниот напад на градот, додека од копно нападот го водел друг генерал. Сиракуза ги имала оружјата на Архимед. Имале катапулти кој од внатрешноста на градот, преку ѕидините гаѓале и ја уништувале римската коњаница. Имале оружје познато како: Архимедова канџа. Архимедовата канџа ги подигнувала бродовите и ги спуштала раскршувајќи ги на парчиња.
Опсадата траела две години. Архимед го употребил и тајното оружје кое успевало да го запали бродот на растојание од 150 метри. Таа справа била бакарна цевка која се загрева на масло. Користела шупливи глинени проектили.
Кога цевката би се загреала добро, мала количина вода би се вбризгала во цевката под проектилот и испарувањето на водата би довело до испалување на проектилот кој бил полн со хемикалија. Кога глинениот проектил го гаѓа бродот, проектилот се крши а хемикалијата се распрснува по бродот...
Comments
Post a Comment
коментар: