Американците за денот на вештерките трошат од 4 до 5 милјарди долари. На врвот од побарувачката во нивната потрошувачка навика се костимите и материјалите за декорирање. И сето тоа е со цел да направат страшна атмосфера. Глвна тема тој ден е темата за смртта. Ширејќи се американската култура по светот, допира и до нашите предели.
Но дали оваа навика во овој ден е американска? - Не, не, сигурно дека не. Американците се млада нација. Овој ден се забележува прв пат во Британската култура, поточно еден дел од британците, свештеници на многу култови, Друиди. Друидите биле пагани. Тие верувале дека годината е поделена на два дела(светол и темен). Светлиот дел од годината го опфаќале пролетта и летото. Додека темниот дел од годината биле во есенскиот и зимскиот период. На 31 Октомри друидите имале одредени церемонии, на церемониите палеле огнови и таму давале приноси на нивниот господар бог на смртта. Некој луѓе принесувале житарици, некои принесувале животни а во некои случаи се принесувале и човечки жртви. Исто така верувале дека на овој ден духовите на мртвите можат да преминат во овој свет. Тие ги облекувале своите деца во страшни костими за да ги протеруваат злите духови, оставале на прагот од нивните куќи слатки за да можат духовите да јадат и да ги остават на мира во нивните куќи.
Во САД овој празник бил забранет се до 1845 година. Во Мексико овој празник го викаат ден на мртвите.
Comments
Post a Comment
коментар: