Македонски херои загинати во втората светска војна

    Активното учество во втората светска војна на Македонците однело многу македонски животи. Некои од нив дале и многу позначаен допринос за нашата слобода. Слобода во Македонска држава.


    Христијан Тодоровски - Карпош.  Загинува во борбите со бугарскиот окупатор на 7 Февруари во с.Биљача, Прешевско.
       Методија Шаторов  -  Шарло. Неколку дена пред влезот на Црвената армија во Бугарија, на 4 Септември 1944 година убиен е овој голем борец за Македонија, во месноста Милеви Скали, Пазарџик. Убиен е во неразјаснети околности. Се претпоставува дека е убиен од страна на БКП, а убиството е нарачано од Тито. 
       Борка Талески е убиен кај Плетвар, Прилепско на 2 Март 1942 година.
       Раде Јовчевски  -  Корчагин.   Убиен е во борба со бугарската полиција во Скопје на 20 Февруари 1943година
      Коле Неделковски за да не биде уапсен од бугарската полиција се фрла од станот во кој што живеел, на 2 Септември 1942 година во Софија.
       Ѓорѓи Наумов, како командир на битолскиот одред во Јули 1942 година, паѓа во заробеништво по жестоката битка во Лавчанската околија против бугарско-окупаторските сили. После неколку дневно мачење е обесен во скопскиот затвор.
        Стив Наумов во заседа на бугарската војска на 12 Септември 1942, се самоубива за да не падне жив во рацете на окупаторот.
     Кузман Јосифовски   -   Питу  нарекуван и вториот Гоце Делчев. 22 Февруари 1944 година во Скопје опколен од бугарската полиција, херојски загинува.
       Мирка Гинова, заробена од грчките фашисти, Октомври 1946 година. Грчките ѕверови ја закопале во земја до вратот и околу главата и пукале. Пукањето траело со часови. Од Гинова неможеле да изнудат никакво предавство и признание. Мирка ја убиле истиот месец.
        Вера Циривири   -   Трена е убиена во Штип од страна на бугарската полиција на 14 Јули 1944 година. Над мртвото тело бугарските полицајци се изживувале, го боделе со бајонети и го фрлиле во реката Брегалница.
         Мирче Ацев, синот на војводата Петар Ацев. Убиен е на 4 Јануари 1943 годна. Бугарската полиција го апси на 19 Декември 1942 година и ѕверски го мачи се до неговото убивање.
      Вано Гунев, ранет е при една акција во која учествувал со одредот на кој припаѓал. Акцијата била во с.Бојанчиште, 1943 година. После ранувањето бил фатен од бугарскиот окупатор и измачуван до смрт.
         Фруса Чедомирова ја заробуваат Бугарите во Јуни 1943 година. Неколку дена тие ја мачат но неуспеваат да изнудат никакво признание. Тие ја фрлаат Фруса во Вардар но таа излегува од реката. Откако излегла ја претепуваат повторно и ја убиваат.
       Коста Солев на 13 Јуни 1943 година, на планината Лопушник загинува во неразјаснети околности. 
         Страшо Пинџур на 19 Декември 1942 година го апси бугарската полиција во Велес. Окупаторите го измачувале пожестоко и од средновековните инквизитори. По жестокото измачување на 4 Јануари 1943 година го убиле. 
         Васил Антевски   -   Дрен, паѓа во рацете на бугарско-фашистичката полиција и го носат на суд. На судскиот процес окупаторот му забранува да зборува на Македонски Јазик и му наредуваат да зборува на бугарски. Но Дрен ги иссмева и зборува на Француски јазик. Обесен е во Софискиот затвор на 21 Август 1942 година.
        Благоја Давков, бил заробен од бугарската окупациона војска. Бил обесен во 1943 година од страна на окупаторот.
       Цветан Димов, во Јуни 1942 година при една блокада на бугарската полиција бил уапсен во Скопје. По повеќедневно мачење на 9 Јули 1942 година бил убиен и фрлен низ прозорецот од полициската управа.
        Владо Тасевски, во Мај 1944 година како припадник на Третата Македонско-ударна бригада загинува во жестоки борби со 29, 14 и 17 Бугарска дивизија на планината Плачковица.
       Боро Петрушевски, храбро борејќи се во заседа поставена од бугарската војска, загинува  кај с.Горанце, 30 Април 1943 година.
        Орце Николов, бугарските војски го убиваат во заседа кај село Туба, Владичин Хан на 4 Јануари 1942 година. 
        Александар Караманов, кај месноста Плетоец, Беровско загинува на 7 Октомври 1944 година. Загинува борејќи се  во четвртата бригада кога биеле битка против германскиот окупатор.
     Јосиф Јосифовски    -   Свештарот, загинува во жестоки борби кај кичевско против германските сили и качачките банди на 6 Октомври 1943 година
      Александар Урдаревски, загинува како припадник на Скопскиот одред во борба со балистичките банди и Италијанските војски, кај с.Старо Градско на 3 Февруари 1943 година.
      Диме Поп Атанасов загинува на 11Јуни 1941 година кај с.Горни Дисан во Тиквешијата.
      Лазо Трповски, на одење за Солун надвор од с. Имера, Кожанско, заедно со уште 6 мина македонци на 11 Април 1943 година во заседа на фашистичката колаборационистичка ЕКА се масакрирани на дивјачки начин.
       Никола Парапунов, организаторот на ослободителното движење во Пиринска Македонија на 9 Декември 1943 година кај с.Бараково Горноџумајско загинува во битка против бугарските окупаторски сили. 
    Перо Наков во Август 1942 година бил заробен од Бугарската полиција во Скопје. На 13 Ноември 1943 година е обесен во скопскиот затвор. Пред самиот чин на бесење извикал ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

Македонските херои никогаш нема да бидат заборавени! И илјадниците знајни и незнајни кој се бореле за Македонија против разните окупаторски сили!


     
          
   
      
         
       

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот