Шест проценти од недоволно исхранети се жени.
Односот на родовите разлики во целиот свет е значителен, особено во сиромашните земји, девојките и жените страдаат од недостаток на основни потреби, немаат доволно храна. Во некои земји, жените можат да јадат откога ќе се најадат сите мажи во фамилијата, таму жените ги јадат остатоците на храната која ја јаделе мажите. Тоа влијае на бремените жени и нивните неродени деца .
Околу 16.500 деца кои живеат во светот умираат од глад, а повеќето од нив се женски деца кој имаат помалку од 5 години
Повеќе од 6 милиони деца умираат од болести поврзани со глад и неисхранетост секоја година, едно од четири деца во земјите во развој се прегладнети.
Годишното производство на храна е доволно за да се прехрани целиот свет, населението во неразвиените земји не е доволно исхрането само затоа што големи количини на храна се фрлаат.
Речиси една четвртина од сите жители на суб-сахарска Африка се гладни
Климатските промени одиграа значајна улога во тоа што повеќе од 220 милиони луѓе во суб-сахарска Африка се гладни. Природните катастрофи го земаат својот данок во човечки животи и предизвикуваат економски штети. Ова е повод за конфликти и војни кој исто така придонесуваат за недостаток на храна.
Comments
Post a Comment
коментар: