Еден пријател секој ден работеше преку-мерно. На работата и немаше крај... Штедењето во неговиот живот беше применето во секој можен момент. Така нашиот пријател после многу години работење и штедење, собра големо богатство. Едно време почна да размислува за остатокот на неговиот живот. На памет му доаѓаа некои луди идеи за тоа како со неговите пари може да си го среди остатокот на животот со паметно вложување на парите.
Една ноќ сонувал еден сон. Ја сонувал смртта и со страшен глас му кажала дека му е дојден денот за да го носи на оној свет. Пријателот се разбудил целиот облеан од пот. Малку се помислил растажен и повторно продолжил со спиење. Сонот продолжил со тоа што пријателот клекнал пред смртта за да ја моли да го остави уште да живее. Кога видел дека нема спас, побарал од смртта барем уште еден ден живот. Смртта не се смилувала, но сепак му дозволила уште еден ден...
Разбудуваќи се повторно од сонот, целиот облеан во пот. Видел дека не го остава да спие па се истуширал и со тоа прекинал неговиот сон.
Трет ден не излегува од кафана, сака да ги потроши парите кој цел живот ги штедеше. Постојано ме удира по рамото и ми пее на увце.
Ама не е само тој, овде има и други кој мислат дека нема смисла парите да останат за утре.

Comments
Post a Comment
коментар: