Село без кучиња...


Ни влегоа арамии во селото. Кучињата кој ги храневме, за да го чуваат селскиот атар, арамиите ги подмитиле со парчиња коски. Така арамиите кој тргнале да не ограбат без никаква пречка не начекаа на спиење и собраа се. Кога се разбудивме и станавме од удобните постели веднаш забележавме дека сето тоа кое грижливо и внимателно го чувавме, сега веќе го нема. 
Се собравме на сред село, ги построивме кучињата кој не си ја завршиле работата за која ги храневме. Им удривме еден убав ќотек, ги избркавме од селото за никогаш повеќе да не ги гледаме пред наши очи. 
И сега да ви се пофалам, нашето село од денес нема кучиња, храната која нив им следуваше сега им ја носиме на кучињата од соседното село или во буништето кај дупката за горење.Ајде сега нека подмитат арамиите и тоа со обични коски! 
Малку селото е посиромашно, крадат арамии, ама никогаш повеќе нема да раниме кучиња. Оние од соседните села често се шегуваат на наша сметка, "сне биле село без кучиња"...

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот