ЧАДОТ КОЈ УБИВА



 Чадот од цигарите содржи дури 7.537 хемиски соединенија, кои сочинуваат природни состојки на тутунот, хемикалии генерирани за време на преработка на тутун, адитиви и производи за согорување. Во тутунскиот чад за сто хемикалии, докажано е дека се канцерогени. Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба. Хемикалиите од чадот од тутун ги разбиваат биохемиските процеси на клеточно ниво. Никотинот е психоактивна супстанца која предизвикува силна зависност и го менува однесувањето на една личност. Последици на пушењето се и рак на белите дробови, рак на грлото и рак на устата, срцеви болести, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата. Пушењето, исто така го зголемува ризикот од други болести. Пасивното пушење (вдишувањето на чадот од другите пушачи) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.  Како резултат на пасивно пушење, кај деца се манифестира мала родилна тежина, незрелост на новороденчето, раѓање пред терминот, ненадејна смрт на бебето во креветчето, инфекции на средното уво, респираторни инфекции, симптоми на астма.

- Секоја форма на пушење и вдишување на чад од тутун е закана за здравјето на човекот. Пасивното пушење предизвикува болести исто како и активното. Пасивните пушачи ги вдишуваат истите хемикалии како и активните пушачи, но во пониски концентрации. 
                             

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот