Лекција од ОТЕЦ ПАСИЈ... ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ "ПЧЕЛИ" И ЛУЃЕ "МУВИ"...


ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ "ПЧЕЛИ" И ЛУЃЕ "МУВИ"...

Некој го запрашал Отецот Пасиј..

"Оче, вие непрекидно ни кажувате да мислиме позитивно... Би сакале да не посоветувате како да се соочиме со следниот проблем...   Често ни доаѓаат луѓе и ни кажуваат дека свештениците земаат многу пари за нивното свештенослужење, пушат и седат по кафаните, па дури се зборува за тоа дека некои свештеници се вплеткани во неморални работи. Што да им одговориме на луѓето кој ги обвинуваат свештениците"?

Старецот полека почнал со приказната...

"Од искуство знам дека луѓето се поделени на две категории, трета категорија не постои. Првите потсетуваат на муви. Главна особина на мувите е тоа што мувите ги привлекува нечистотија. Кога мувата се наоѓа во градина која е исполнета со цветови кој мирисаат прекрасно, таа нема да ги примети. Мувата ќе слета на некоја нечистотија. Ќе почни да кружи околу нечистотијата и ќе се чувствува пријатно во смрдеата. Ако мувата би можела да зборува и вие би побарале да ви покаже Ружа во градината, би одговорила дека незнае како изгледа Ружата. Ќе ви каже каде да најдете ѓубре, тоалети и кал.
Луѓето кој припаѓаат во оваа категорија се навикнале да мислат негативно и во животот ги бараат само лошите работи, одбегнувајќи го присуството на добрината.
Втора категорија се луѓето кој подсетуваат на пчела. Особината на пчелата е да бара секогаш пријатни и слатки нешта за да слета на нив. Кога пчелата би се нашла во соба полна со нечистотија, но во аголот на собата да има бонбони, пчелата ќе ја одбегни сета таа нечистотија и ќе слета на бонбоната. Кога би ја прашале пчелата: Kаде е шталското ѓубре? Би одговорила: Незнам! Можам само да ти кажам каде има цвеќе,мед и шеќер.  Таа знае само за добрите работи во животот а тие расипаните работи и се непознати. 
Тоа е втората категорија на луѓе кој имаат позитивни мисли и ги гледаат само добрите нешта. Тие секогаш се трудат да го прикријат злото за да ги заштитат ближните. А луѓето од првата категорија се трудат да го истакнат злото на површина. Кога некој ќе дојде кај мене и ќе почне да ги обвинува другите луѓе, ме носи во тешка ситуација и јас му го кажувам овој пример. Па самиот нека одлучи во која категорија сака да се најде".

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот