Прочистете го воздухот во вашите домови



фикус
Растенијата кој се во нашите домови влијаат на квалитетот на воздухот кој го дишеме. Тие го чистат воздухот од токсините. Ако сакате да имате чистач на воздухот во просторијата каде што живеете треба да одгледувате растенија. Едно од растенијата кој го прочистува воздухот е Алое вера. Ова растение апсорбира јаглероден диоксид, јаглероден моноксид и формадехид. Воздухот го збогатува со кислород.
Како прочистувач на воздухот можете да го имате во вашите домови и Фикусот. Фикусот не е растение на кое му е потребно многу светлост.Но треба многу внимание со Фикусот затоа што неговите лисја се отровни па затоа не го чувајте во куќи каде има мали деца и куќни љубимци! 
Еден добар прочистувач на воздухот е Бршленот, тој е способен за само 6 часа да ги отклони од воздухот 60% од токсините и 58% фекалните честици. 
Естрагон (змиска трева) е растение кое е многу отпорно и му треба само малку светлост за фотосинтеза. Ова растение ги отклонува токсините и е добро за собата во која спиете затоа што во текот на ноќта произведува кислород.

                                                                Алое вера
Освен тоа што таа го прочистува воздухот, има и лековити дејства. Алое вера е билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller, што ја открил ботаничарот Милер на островот Барбадос.
алое вера
алое вера
Рецепти со алое вера се пронајдени и на месопотамските глинени плочки 2200 години пред наша ера, во градот Нипур. Напишан опис за лековитото дејство на алое вера е пронајден во стариот Египет меѓу колената на една мумија на папирус од 1550 година п.н.е. Ова растение е пренесено во Азија 400 години п.н.е.
Првиот подетален опис за лековитите својства на ова растение го дал Диоскорида (68-41 п.н.е). За растението пишувал дека носи мирен сон, го чисти стомакот, ги лечи изгорениците и многу други болести. Подоцна станува многу значајна во медицината на стариот Рим. Во Кина, алое вера почнува да се користи меѓу 800-700 година п.н.е, особено за лекување на болестите на кожа, синуси, грозници и грчеви кај децата. Во Америка во 1820 година, официјално е прифатено како средство за заштита на кожата.

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот