Елен Марија Стон првиот американски граѓанин киднапиран надвор од територијата на САД.
За акцијата најпрво бил известен ОК во Банско на чело со Димитар Лазаров, потоа бил утврден планот кој се состоел од неколку точки:
2. Киднапирањето да се изврши на патот од Разлог за Горна Џумаја кај месноста Потпрена Скала.
3. Содејство да даде комитетот од село Градево на чело со Ангел Мазнеов.
4. Со четата да замине и Вапцаров кој требало да ги посочи жените.
5. Пред жените со крпа на глава требало да оди Митре Захов за да го најави нивното пристигање.
6. Како придружник на Мис Стон да се земе Катерина Ушева.
За целиот план притоа биле известени Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Делчев се двоумел додека Ѓорче бил на мислење дека со грабнувањето нема да се добијат големи финансиски средства. Треба да се истакне дека Јане и Христо Чернопеев решиле на своја рака да ја покренат акцијата.
За акцијата најпрво бил известен ОК во Банско на чело со Димитар Лазаров, потоа бил утврден планот кој се состоел од неколку точки:
1. Четата кој ќе го изврши грбнувањето да се состои од малку луѓе, а во неа требало да влезаат Јане Сандански, Христо Чернопеев, ајдутинот Стојан Просјакот и уште двајца комити кои требало два дена порано да заминат за село Градево.
3. Содејство да даде комитетот од село Градево на чело со Ангел Мазнеов.
4. Со четата да замине и Вапцаров кој требало да ги посочи жените.
5. Пред жените со крпа на глава требало да оди Митре Захов за да го најави нивното пристигање.
6. Како придружник на Мис Стон да се земе Катерина Ушева.
За целиот план притоа биле известени Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Делчев се двоумел додека Ѓорче бил на мислење дека со грабнувањето нема да се добијат големи финансиски средства. Треба да се истакне дека Јане и Христо Чернопеев решиле на своја рака да ја покренат акцијата.
"Да се помолиме за тие браќа во гората, кои работата за слободата на своите браќа и кои покажаа кон нас поголеми грижи, отколку што покажаа нашите родители. Тие ги изложија своите животи за да не заштитат". Мис Стон
Јане Сандански решил да се засолнат во Влахи и таму да се породи Цилка. Меѓутоа движејќи се, Цилка добила породилни болки и затоа четата се сметила во село Србиново.За тој чин биле донесени две бабици кои Сандански специјално ги повикал.
На 22 декември 1901 година (стар календар), Цилка се породила, а бебето било крстено Елена во чест на Мис Стон. Четата се здобила со нов член, а бројот на заложничките се зголемил на три со што положбата станала покомплицирана. Мис Стон и Цилка биле изненадени од одностот на четата кон новиот сопатник.
Цилка за односот на Јане Сандански кон бебето, истакнала: Два или три часа подоцна се појави самиот водач. Тој беше висок, набиен и мургав. Очите му, друг пат свирепи, сега беа наведнати... потонати во длабоки размисли. Секој пат кога бебето ќе заплачеше или кивнеше тој се сепнуваше... мис Стон го зеде детето и го подаде на водачот. Од почетокот изгледаше збунет, но додека го гледаше малото беспомошно суштество во своите силни раце, на лицето му се појави насмевка... која почна да станува подолга... За мене тој веќе не беше разбојник, туку брат, татко, закрилник на моето дете... Бебето слатко спиеше во неговите силни машки раце... Таму од страна, беше револверот, таму беше страшната кама и пак таму малото бебе, нежно гушнато во тие чиниш железни раце. Истовремено се насмеав и се расплакав од радост. Му се заблагодарив на бога за благодарноста на тој човек... Настапи утрото. Водачот... се држеше заштитнички кон бебето. Го нарекувеше ... малата ајдутка, ќерка на четата, а најсакано име за неа му беше ксметчето.

Comments
Post a Comment
коментар: