Со емитување на забава преку денешните разгласни машини добиваме некој тип на виртуелен живот.

" Не треба да се дозволи појавување на учител кој ќе се заложи за воведување задолжително школство на луѓето од покорените народи. Знаењето на Русите, Украинците, Киргизијците и другите, да читаат и пишуваат. ,може само да биде од наша штета. Ова би овозможило на оние со бистри умови да стекнат одредено историско знаење и со тоа да дојдат до политички идеи, кои на некој начин би се насочиле против нас. Многу е подобро, во секое село да се постави радио-разглас, за да се соопштуваат новостите на овој начин и да се понуди забавна содржина, одколку да се оспособат во стекнување на сопствени политички, научни и други знаења. Не смее да се случи кај покорените народи во радио-емисиите да се зборува за нивната историја. Преку радиостаниците треба да им се пренесува музика, и тоа се повеќе музика, затоа што забавната музика го унапредува работниот алат." 
Ова се зборови на Адолф Хитлер.

Колку оваа логика на владеење се применува денес? 
Кога им се кажува вистината на луѓето мислам дека, сеуште се способни да ја препознаат...
Секој сам за себе нека размисли... Дали денес не успособуваат за да се стекнеме со некој научни, историски или било кој друг тип на корисни знаења?    - НЕ... Ние како народ веќе ги имаме изгубено знаењата на нашите претци, на кој знаења би требало да ги надоградуваме новите знаења. 


Адолф Хитлер ова им го мислел на покорените народи (словени) во 1942г. Но зошто тоа денес се практикува? По оваа логика се водат денешните политичари (наши и светски)? 
Значи тие ни поставуваат разни пречки на патеката кон знаењето.Тие не насочуваат да гледаме некоја серија се со цел да не го видиме "пожарот" кој ја пустоши нашата татковина.

Колку од ТВ програмата е од забавен карактер? 
Кога последен пат имате гледано научна програма? 
Зошто тие не сакаат народот да размислува рационално?
 Се околу нас е сведено на некој тип забава. 


Тие веќе си ја имаат исполнето целта. Сега само одржуваат моментна ситуација... Имаат одлична работна сила која после работното време длабоко се занесува во забавата и пијанството на умот, сакајќи да се заборави стекнатото искуство во текот на работните саати. 
Со емитување на забава преку денешните разгласни машини добиваме некој тип на виртуелен живот. Малку луѓе сакаат да разговараат за нивната работа после нивното работно време. Луѓето сакаат психички  да се "одлепат" барем на кратко, од тој фабрички систем.  Луѓето се по природа СЛОБОДНИ. Но таа слобода ја живеат многу малку, може да се каже скоро и не ја живеат.  










Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот