Матадорот Тореро Алваро Мунера ќе ја памти цел живот неговата последна борба со бикот...
После долга борба, ранетиот бик дошол во ситуација да го прободи со роговите познатиот матадор. Бикот многу лесно можел да го усмрти матадорот но не го сторил тоа. Бикот, застанал пред матадорот и го погледал со неговите нежни очи...
Матадорот безпомошен пред големото и рането животно, кое зачудувачки постапило и не го усмртило, само седнал и заплакал.
"Погледнав во неговите очи, беа невини како што можат само очите на животните. Почуствував дека тој поглед бара правда, бара да престани борбата. Се почувствував посрамено... Тоа беше моментот кога сватив дека мојата матадорска кариера е завршена."
Comments
Post a Comment
коментар: