Васил Чакаларов

Васил Чакаларов бил еден од најзначајните војводи на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Бил роден на 22 февруари 1874 година во селото Смрдеш, Костурско.
Во 1901 година од страна на Организацијата бил назначен за војвода во Костурскиот дел на Македонија. Заедно со останатите костурски раководители и дејци, тој успеал да го претвори Костурско и неговата околија во еден од најдобро организираните реони на Македонската револуционерна организација. Бил познат како одличен организатор за тајно пренесување на оружје и муниција, а имал голема улога и во егзекуцијата на голем број на предавници и шпиони. Освен што се борел против турската војска и башибозук, во својот регион водел постојани борби и против грчките андартски чети кои се обидувале да го зацврстат грчкото влијание меѓу македонскиот народ. За време на Илинденското востание, Чакаларов со својата чета зел активно учество во Костурско каде востанието доживеало најголема масовност. Тој раководел со нападот на турскиот гарнизон во село Вишени, а неговата чета учествувала и во ослободувањето на гратчето Клисура и гратчето Невеска во Егејска Македонија. По Илинденското востание со чета се движел во Костурско, се борел против андартите и против грчката пропаганда. За време на Втората балканска меѓусојузничка војна во јуни 1913 година учествувал во ослободувањето на Кавадарци и Неготино од српската власт, а веќе следниот месец заминал во родниот крај да се бори против грчката војска. Токму тука и загинал. На 9 јули 1913 година во близина на месноста Бел Камен, Леринско, по жестоката престрелка со грчки андарти Чакаларов бил смртно ранет. Васил Чакаларов оставил длабок спомен кај народот кој во него гледал свој заштитник и инспиратор за борбата за ослободување. Што значел Чакаларов за населението, за организацијата, но и за непријателите, говори фактот што по неговото загинување, грчките војници му ја пресекле главата и ја разнесувале низ македонските села со цел да го заплашат македонскиот народ, постојано извикувајќи: „ Го нема Чакаларов, ја нема и Македонија "!
                              

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот