Разловечкото востание

Dimiter Berovski.jpgМакедонското население од Источна Македонија го кренало Разловечкото востание против Османлиската Империја во 1876 година, со центар во селото Разловци. Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.
Димитар Поп-Георгиев Беровски со четата требало да ги обиколи селата во Пијанец, Малешевско, Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко, со цел востанието да избие едновремено на целиот регион.

Востанието прво требало да започне во Пијанец и да се ослободи главното место Царево Село (денес Делчево), потоа во Малешевијата со заеднички сили да се заземе Берово каде што имало мал број на турски војници и на крајот заедно да се нападне главниот град во тоа време на двете области, Пехчево, каде што било и седиштето на мудурлакот.
На 20 мај 1876 се одржал состанок ,на кој биле анализирани резултатите од подготовките и се разгледувале можностите за почнување на востанието. Додека се одржувал состанокот во селото Разловци ненадејно дошле Турци со вооржена придружба, уапсиле неколку селани, одредиле две девојки за потурчување и се заканиле дека ќе го запалат селото. Заговорениците помислиле дека планот за востанието е откриен и решиле веднаш да ја започнат борбата. На 20 мај 1876 ги нападнале чиновниците и нивната вооружена придружба и по неколку часовна борба го ослободиле селото. Востанието се проширило и во наредните села: Истевник, Лаки, Митрашинци и др. но поради ранувањето на Димитар Поп-Георгиев Беровски целиот план за востанието бил пропаднат.
Знамето на Разловечкото востание.jpg

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот