Подземен град во Турција (Кападокија)


             Еден човек во Турција (1963 год.) решил да ја реновира својата куќа. Во текот на реновирањето открил тунел. Радозналоста го натерала да влези во тунелот и да провери што има во него. После неколку дена истражување човекот донесол заклучок дека открил цел град кој се наоѓа во подземјето.
  Овој подземен град се наоѓа во покраината Невсехир на познатото подрачје Кападокија.

Овој град се викал Деринкуиу и не е единствен град кој се наоѓа во подземјето на Кападокија. Градот со своите простории, 60 метри влезен е во подземјето. Функционалноста на градот била извонредна, биле земени во предвид сите сегменти на социјалното живеење. Пронајдени се цркви,гробишта, резиденции, простории за храна (залихи за 5 месеци), винарски визби, училиште... Се проценува дека во овој град, можно е да живееле 20-30 000 жители.


    Пронајдени се излези кој одат до површината на земјата и тие излези се наоѓаат во позадината на куќите кои се на површината на земјата. Секоја куќа која се наоѓала над подземниот град имала влез (излез) за подземниот град. Тие излези служеле за брза евакуација на населението од надземниот град во подземјето. За време на прогонот на христијаните овај град служел како засолниште.


   Кападокија нема предели со шуми и други места погодни за криење, па христијаните за време на нивното прогонување биле принудени да го направат овј град копајќи во подземјето. За опстанокот на градот било потребно да се обезбеди чист воздух со помош на вентилациски отвори, исто така била значајна и чистата вода од бунарите.

Comments

Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот