Александар III Македонски престојувал кај кралот на Пајонија. Двајцата кралеви се состанале во Светиот Град, кој се наоѓал на платото од планината Плачковица. Во Светиот Град Александар и неговиот домаќин Липиј разговарале како да продолжат добрите односи меѓу тие два народа во добро и во зло. Се договориле да си помагаат во сите нешта кои се од доменот на државните односи. По спогодбата, на радоста ѝ немало крај, а таа се пренела и во народот, така што луѓето почнале, како и кралот да плачат и да ронат солзи радосници. Од солзите се направила река, која тогашните мештани ја нарекле Плачковица, подоцна истото име и е дадено и на планината на која бил Светиот Град.

Comments
Post a Comment
коментар: