Саат кулата е изградена во 1858 година. Ја изградиле мајсторските тајфи на Петре Лауцо и Ристе Тасламиче. До ден денес оваа градба го разубавува центарот на Прилеп.
Саат кулата е изградена во центарот на старата чаршија, на местото каде што имало стара дрвена саат кула која што била изгорена од голем пожар. Во овој пожар кој се случил во 1854 година, била изгорена цела Прилепска чаршија.
Саат кулата има натпис на влезот:
„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето.
За животот и времето што минува,
саттот жали и вика: Ах!
Новиот саат изграден во 1275 хиџра
(11.08.1858-30.07.1859)
Пожарот се случи 1271 хиџра
24.09.1854-12.09.1855)
Благодарност на Алах“
Преведено од Ахмед Шериф
Височината на кулата е 38,76 метри. Интереснo е нејзиното навалување. Вкупното отклонување изнесува 854 мм.