Едно од нај големите мистерии во светот е; кристалниот череп. Повеќе од сто години научниците го истражуваат овој череп. Тоа е копија на женски череп, направен е од проѕирен кварцен кристал. Чудно е тоа што површината на черепот е толку мазна што на нејзе не се гледаат никакви траги од обработката. Ставена е под нај јакиот микроскоп, но траги не се видени.
Кристалниот череп е направен пред 4000 години. Кој би направил такво нешто пред 4000 години, за нас не се познати технологии кој би можеле да направат така мазна површина а истите да датираат од тоа време. Луѓето во тоа време немале ниту едноставни орудија за работа. Затоа има научници кој се убедени дека черепот не е направен од досега за нас познати цивилизации. Черепот сигурно е направен од високоразвиена за нас непозната цивилизација.
Черепот го открил археологот Фредрик Мичел - Хедџис во 1927 година во древниот град Лубаантум, централна Америка во джавата Белизе. Необичната археплошка ископина за кратко време станала вистинска сензација, почнале на ова место да одат познати археолози од целиот свет. Заклучокот бил дека кристалниот череп бил направен од Маите. Најдени се камени статуетки и други предмети кој исто така се обработени со, за нас непозната технологија.
Comments
Post a Comment
коментар: