Лудиот мед има повеќе имиња: "Луд мед" (meli maenomenon), "отровен мед" (deli bal), "чудесен мед"(miraculum melis)...
За овој мед и неговите дејства врз психата на човекот, постојат пишани податоци уште од антиката. Римскиот историчар Пинтие, опишува како конзументите на овој мед паѓаат во транс...
Некои го опишуваат како мед со црвенкаста боја и со горчливо-кисел вкус. Други автори не се согласуваат со ваквиот опис и наведуваат дека лудиот мед, не се разликува по ништо од останатиот мед.
67 п.н.е. е забележана првата биолошка војна во историјата, римската војска дошла до територијата на Трабзон во Турција (истата територија за која пишува Ксенофен). Хептакомитите кој биле сојузници на кралството Понтус, по должина на патот на кој римската војска требало да помини, поставиле саче со овој мед. Кога Римјаните поминувале и почнале да го чувствуваат дејството на медот, биле нападнати и масакрирани од страна на сојузниците на Понтус.
Пинтие (77 година п.н.е) наведува дека им било забрането на жителите од Понтус да продаваат мед на римјаните поради тоа што бил отровен. Но трговијата со восок била дозволена. Исто така спомнува дека овој мед е од растението Рододендрон.
Comments
Post a Comment
коментар: