СВ.Григориј Чудотворец

           Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители (213 година), но угледни и богати, Григориј изучил философија, но откако ја препознал нејзината залудност и недоволност се обратил кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учел неколку години и од кого бил крстен. Чист по душа и тело тој сакал сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа. Григориј  посветувајќи се целосно на Господ заминал во пустина, каде што долго време поминал во мачни подвизи.  Федим, епископот Амасиски, имал намера да го посвети за епископ Кесариски. Григориј ја забележал Федимовата намера, па се криел по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле Федим го посветил на чудесен начин и Григориј морал да ја прими архипастирската служба. Му се јавила Пресвета Богородица со Св. Јован Богослов и на заповед од Богородица Св. Јован му го предал Симболот на Верата познат под името Григориев: 
            Еден е Бог,
Отец на живиот Логос,
битијнопостоечка Мудрост,
и Сила, и вечно Обличје (на Отецот).
Совршен Родител на Совршениот;
Отец на Единородниот Син.

Еден е Господ, Единствен од Единствениот,
Бог од Бога, Обличје и Слика (Лик) на Божеството;
Логос дејствителен, Премудрост која го содржи составот на сè,
и Сила која го создава целото создание.
Вистински Син на Вистинскиот Отец,
Невидлив од Невидливиот,
Бесмртен од Бесмртниот
и Вечен од Вечниот.

И еден е Светиот Дух,
Кој има битие од Бога,
и преку Синот е јавен на луѓето;
Слика на Синот, Совршен од Совршениот:
Живот- Причина на живите;
Свет Извор, Светлина- Давател на светлина.
Во Кого се објавува Бог Отец,
Кој е над сè и во сè;
и Бог Син, преку Кого е сè.

Троица Совршена,
Која со славата и вечноста и царството не се дели, ниту отуѓува.
Значи нема ништо создадено или ропско (служечко) во Троица, ниту дополнително воведено, како порано непостоечко, па подоцна да влегло.
Зашто ниту некогаш не Му недостасувал Синот на Отецот,
ниту Синот на Духот,
туку Троица е непроменливо иста вечно.
           Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедал на злите духови, заповедал над горите и над водите, ги лечел сите маки и болести, пред гонителите станувал невидлив, ги проѕирал на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го завршил во 270 година, во длабока старост. Кога влегол за да биди епископ во Кесарија го затекнал сиот град незнабожечки, имало само седумнаесет христијани во него. А кога си заминувал од овој живот го оставил овој град како христијански, а само седумнаесет незнабожци во него. 






Посетители

Total Pageviews

Popular Posts

Човекот ја кажа вистината за ММФ

Дабничко Клање

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и СССР

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Од Р. Македонија прават легитимна воена цел на непријателите од САД

До кога ќе пролеваат крв???

10 заповеди на глобализмот